Претставува специјална масажа во која се користат загреани вулкански камења за опуштање на мускулите. Камењата најчесто се базалт (црни вулкански камења) кои добро ја апсорбираат и задржуваат топлината.
Луѓето уште поодамна верувале дека вулканските камења сами по себе содржат енергија.
Придобивките од оваа ритуална масажа се следните:
Третманот започнува со распоредување на топлите камења на енергетските точки на телото, а потоа започнува и масажата со која освен ослободување од негативна енергија се прави лимфна дренажа и се подобрува циркулацијта. Луѓето ја доживуваат како многу пријатна масажа.