Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Естетик

Телефон: 02 3248 464

Спрат бр. 2

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Промедика Естетик
promedika logo

пребарај

Салон за убавина

Фитнес студио

Понуди на месецот

Guinot козметика

Ласерска епилација

Повеќе

Ценовник

Повеќе

Подари ваучер

Повеќе

Guinot козметика

Француската куќа Guinot Institute Paris претставува лидер во полето на естетската козметологија

При производство на своите производи оваа куќа максимално се придружува кон највисоките стандарди поставени во фармацијата и медицината. Во нашиот центар се изведуваат сите третмани од Guinot . Третманите ги изведуваат исклучиво козметичари кои се овластени и обучени за изведување на овие третмани.

Guinot Hydradermie (хидрадермија)

Уникатен третман за чиста, здрава и блескава кожа. Тајната на Hydradermie третманот се состои во длабинското продирање на активните хидро- гел серуми на Guinot со помош на HYDRADERM LIFT апаратот, серуми кои содржат активни состојки екстрахирани од есенцијални масла и растителни екстракти, адаптирани според типот на кожата. 

Овој третман со патентиран протокол кој нуди инстантни резултати е достапен и како варијација со дополнување на специјални HYDRA PLUS серуми, серуми кои постигнуваат затегнување и подобрување на хидратацијата на зрела и уморна кожа. Во оваа варијација на Hydradermie со HYDRA PLUS серумите, зрелата кожа се ревитализира и се нахранува, а воедно се подобрува и текстурата на кожата. По овој третман кожата е подготвена за Guinot лифтинг третманите кои постигнуваат намалување на брчките и преобликување на контурите на лицето.

Третманот трае: 1 час и 30 мин.

Најдобри резултати се постигнуваат со серија од три третмани.

Третмани:

  • Guinot Хидрадермија на лице
  • Guinot Хидрадермија на лице, деколте и врат
  • Guinot Хидрадермија на гради 
  • Guinot Хидрадермија на грб

Guinot (Hydradermie Lift ) Хидрадермија лифт

Овој третман претставува револуционерен чекор за постигнување на брзо „подмладување“ на лицето. Создаден да постигне затегнување и реобликување на контурите на лицето преку мускулна стимулација, оној третман го спречува и создавањето на брчките.

Третманот трае: 1 час и 20 мин.

Се препорачува превентивно и терапевтски за кожа над 35-тата година.
За одржување на лифтинг резултатите и постигнување на долготраен младешки изглед и сјај на кожата, овој третман е најдобро да се изведува 2 пати неделно.

Guinot (Hydradermie Lift ) Хидрадермија лифт на очната регија

Опфаќа богат протокол на нега на очната зона, со што таа се ревитализира, се намалуваат подочниците и фините линии околу очите, при што се враќа младешкиот изглед на Вашите очи.

Третманот трае: 1 час .

Се препорачува превентивно и терапевтски од 30-тата година.
За одржување на лифтинг резултатите третманот се препорачува еднаш месечно.

Третмани:

  • Guinot Хидрадермија лифт на очна зона
  • Guinot Хидрадермија лифт на очна зона, детоксикација и мускулна стимулација
  • Guinot Хидрадермија лифт комбиниран третман за чистење и лифтинг

Guinot ароматик третман

Опис: Ароматик третманот е ексклузивна релаксирачка ароматерапија при која се користат есенцијални масла и растителни концентрати кои прават кожата да биде убава, свежа и сјајна . Третманот се изведува со помош на природните растителни концентрати и ладно цедени есенцијални масла соодветно избрани според типот на Вашата кожа. Третманот почнува со нежна масажа на лицето, главата и вратот и деколтето изведувајќи специјализирана техника на нежно притискање на одредени точки. За третманот се употребуваат есенцијални масла соодветно избрани според типот на Вашата кожа. Третманот завршува со нанесување на маска од растителни концентрати за целосна релаксација. 

Третмани:

  • Guinot ароматик третман 
  • Guinot ароматик третман за чистење

Guinot liftosome витамински третман

Опис: Третман за подмладување со Про Колаген маска
Лифтозом третманот е луксузен третман кој ја ревитализира и зацврстува кожата на лицето преку намалување на знаците на стареење. Овој третман е релаксирачки со прекрасни природни ароми и посебно се препорачува на пушачи за подобрување и освежување на тенот. Покрај тоа, третманот ја ревитализира сјајноста и виталноста на кожата која може да се изгуби заради замор. Се изведува мануелно со специјална Guinot масажа за потикнување на лимфната дренажа и подобрување на циркулацијата на лицето и текстурата на кожата. 
Овој третман постигнува брз и спектакуларен лифтинг ефект и ревитализација на кожата со помош на ексклузивните серуми со коктели од А, Ц, Е и Ф витамини и термална маска со екстракти од цвет на портокал и жен-шен.

Третманот трае: 1 час и 20 мин.

Третмани: 

  • Guinot liftosome витамински третман со C, E, F и женшен.

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Fb widget