Babor претстaвува ексклузивна германска козметика со врвен квалитет која ги соединува иновативните научни откритија со ефикасните природни состојки. Третманите на бабор ви овозможуваат единствено, уникатно доживување и релаксација.
Третмани:
Исполнете ја желбата на вашата кожа, гасејќи ја жедта со хидрантните ампули. Фантастичната количина на влага која влегува во кожата во еден третман ја прави да биде сјајна цврста и здрава. Во текот на третманот се нанесуваат од 3 до 10 ампули се додека не се задоволи и последната пора со влага.
Брчките се значајно редуцирани, тенот добива блескаво розеникав изглед и кожата станува цврста.
Овој третман има трослојно дејство затоа што ја зајакнува и зацврстува структурата на кожата од внатре, кожата станува видливо мазан, свежа со подобар тонус и младешки изглед. Главна состојка во овој третман е аргановото уље (драгоцено уље од арган дрвото) кое долго време е добро познато во Мароко поради своите медицински, нутритивни и козметички својства. Исто така се вреднува по големата хидратантна моќ, поради што фантастично ја измазнува кожата.
Collagen booster ампулите помагаат при обновување на колагенските влакна и го зацврстуваат
сврзното ткиво. Рачната стимулација на сврзното ткиво (специфична техника на масажа) ја забрзува оксигенизацијата на ткивата и ги тренира колагенските влакна на сврзното ткиво.
Арган кремот содржи драгоцени флавоноиди добиени од арган дрвото кои ја зацврстуваат
кожата, ја подобрува еластичноста и ги штити колагенските влакна од ензимска деградација.
од Babor козметиката е органски третман кој е посебно уживање од почетокот до крајот.
Производите на оваа елегантна, потполно органска линија козметика се сочинети од природни состојки од недопрените регии на Алпите. При нивното производство се користат внимателно одбрани исклучиво бели цветови, а водата која што се користи при нивното производство е чиста глечерска вода која е природно собирана од топењето на глечерите. Водата се собира на овој начин за да не се наруши структурата на молекулите на водата додека се крши мразот.
Овие чисти активни состојки имаат ефикасни и долготрајни ефекти: ја забрзуваат регенерацијата на кожата и обновата на клетките додека обезбедуваат драгоцена влажност, виталност и заштита.
Третманот е ритуален: најнапред клиентот се опушта со помош на ленено платно, се освежува со распрскување на глечерска вода и се прави рачна масажа и масажа со Горски кристали ( кои имаат моќ да ја ослободат негативната енергија од телото). Додека клиентот лежи под маската, се прави масажа на дланките и рацете до лактите со восок од свеќа која е исто така органска и гори за време на третманот. Со тоа рацете стануваат исклучително меки и нежни. Овој третман го налува стресот и е наменет за сите типови на кожа и за сите возрасти.
Откријте ја новата димензија на природната чистота и восхитувачките резулати со помош на Babaroganic!