Главно мени
lofo

почетна

lofo

Медикал

lofo

Естетик

lofo

Аптека

lofo

Веледрогерија

lofo

контакт

затвори

Следете нè:

затвори
затвори

контактирајте нè

Естетик

Телефон: 02 3248 464

Спрат бр. 2

Вашето име

Вашето презиме

Вашата е-пошта*

Вашиот телефон

Вашата порака

Испрати ја пораката на твојот маил Бидете навремено информирани за најновите акции и промоции во Промедика Естетик
promedika logo

пребарај

Салон за убавина

Фитнес студио

Понуди на месецот

Пилинг на кожа

Ласерска епилација

Повеќе

Ценовник

Повеќе

Подари ваучер

Повеќе

Пилинг на кожа

Микродермобразија и хемиски пилинг на кожа

Постапка со која се отстранува горниот слој на кожата составен од мртви клетки кои ги затнуваат порите и го прават лицето да изгледа постаро, уморно и нечисто и ги нагласуваат борите и белезите.

Механички пилинг – микродермабразија 

Микродермабразијата на лицето е третман со кој се прави безболен механички пилинг со што се елиминираат надворешните слоеви на клетки на кожата, дамките, браздите и белезите. На овој начин се забрзува физиолошкиот процес на обнова на кожата и се зголемува создавањето на колагенот, со што се зголемува еластицитетот на кожата.

Иако микродермабразијата е веќе позната метода, иновативноста и уникатноста на дијамантската микродермабразија се состои во можностите кои ги нуди специјалниот апарат (BHS 102) со кој се изведува третманот единствено во Промедика Естетик. Овој апарат користи дијамантски прачки за една употреба со заоблени рабови кои мазно се лизгаат преку кожата и при тоа не оставаат белези, ниту пак предизвикуваат болка.

За постигнување на целосниот ефект за подмладување, микродермабразијата се надополнува со уште два третмани кои се одвиваат истовремено и прават уникатна комбинација. Со помош на специјална вакуумска терапија (DERMO HEALTH) се забрзува микроциркулацијата (венската и лимфната) со што се зголемува исхраната на кожата и дренажата на токсичните материи од клетките преку циркулацијата. Со апликација на DERMOLED LED диодите се стимулира создавањето на колагенот и еластинот. На овој начин се зголемуваат еластичноста, тонусот и флексибилноста на кожата и таа добива чист, сјаен и негуван изглед.
Вакуумскиот третман дава посебно добри резултати кај присуство на кесички во регијата околу очите, кои со помош на оваа терапија се намалуваат или исчезнуваат заради тоа што се намалува задршката на течностите.

Третмани: 

  • Дијамантска абразија
  • Вакумска дренажа на лице + LED стимулација

Aпарат: BHS 102

Третман со овошни киселини и гликолни киселини– хемиски

Хемиски пилинг на лице со АХА киселини

Алфахидрокси киселините (АХА киселини) задолжително треба да бидат вклучени во негата на Вашата кожа ако сакате долготрајно да се подобри нејзиниот изглед. Тоа се природни материи кои потекнуваат од шеќерите на некои растенија. Овие киселини не остануваат само на површината, туку навлегуваат во површните слоеви на кожата, при што ги отстрануваат мртвите клетки (ексфолијација) и откриваат свеж, нов слој на кожата. На тој начин не само што го спречуваат затнувањето на порите на кожата, туку преку процесот на ексфолијацијата го забрзуваат обновувањето на кожата. Истовремено тие помагаат во хидратација на кожата, го поттикнуваат создавањето на колагенот, ја подобруваат текстурата на кожата и таа станува посјајна.

Препорачуваме

Повеќе

Актуелно

Повеќе

Е-информатор

Внесете e-mail адреса  

 

Fb widget