Овие третмани се хигиенски третмани наменети за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата. Придобивките од овие третмани се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство. Третманите се препорачува како основен за понатамошно третирање на кожата.
Ултразвучните бранови ги стимулираат клетките преку подигнување на температурата на кожата и со тоа нивото на метаболизмот. Зголемената циркулација покренува цела низа на позитивни процеси во кожата, вклучувајќи отстранување на отпадните материи, заздравувањето и регенерацијата.
Придобивките од овој третман се следните:
Овој третман е наменет за моментално подобрување на изгледот на кожата. Во него се применува мануелна масажа која го забрзува крвотокот и прави блага мускулна стимулација, пилинг и маска. Овој третман отприлика трае 40-45 мин. и е идеален брз третман за освежување на кожата.